Се гради нов паркинг за околу 60 возила во Драчево

Општина Кисела Вода денес започна со изградба на паркинг во населбата Драчево. Се расчистува теренот на улицата “Бранко Заревски”, во близина на пазарот, каде ќе биде ќе биде лоциран на површина од околу 3500 квадратни метри.

-Денес, започнуваме да го решаваме проблемот со паркирање во населбата Драчево. Градиме паркинг за 60-тина возила и тоа во фреквентниот дел на овој дел од Кисела Вода. Ќе биде готов за околу 10 дена. Свесен сум за проблемот што моите сограѓани го имаат со недостигот од места за паркирање и сакам да најавам дека ова е само прв чекор во неговото надминување-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за трпение во наредните 10 дена, додека траат градежните активности. Воедно ги замолуваат да не ги паркираат своите возила на ова место, како изградбата на паркингот би можела да тече непречено.