Се истепале двајца затвореници во Идризово

Двајца затвореници се истепале, вчера во затворот „Идризово“, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 16 часот. Тогаш во петтото крило, односно во затворениот дел, по претходна расправија се степале осудениците С.Р.(26) и М.Е. (32), двајцата од Скопје.

Во тепачката подебелиот крај го извлекол М.Е. му била скршена вилицата. Тој бил пресенен на Клиниката за Максилофацијална хирургија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.