![mvr-bilten-dpl-9-670x388 (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/mvr-bilten-dpl-9-670x388-1.jpg?resize=670%2C388&ssl=1)
Увидни екипи на Министерството за внатрешни работи од Штип и Скопје од изутринава прават увид и ги истражуваат причините за пожарот што синоќа избувна во стопанскиот двор на комуналното претпијатие „Водовод” во Кочани.
Огнот зафатил трактор, возило за собирање комунален отпад, камион и дигалка „ивеко”, од кои едно е целосно опожарено и нефункционално.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица во Кочани, станува збор за поголема интервенција во која поради запалување на резервоарот на едно од возилата дошло и до експлоазија. Единицата интервенирала брзо со две противпожарни возила, по што за кратко пожарот бил ставен под контрола.