
По нивното откривање минатата година, за време на годинешниот спелеолошкиот камп, кој деновиве се одржува, спелеолози од земјава ги истражуваат новите седум пештери на Галичица од кои три се под вода.
Целта е и тие е да бидат мапирани и обезбедени да станат дел од туристичката програма на градот Охрид.
-Нашиот клуб има откриено четири суви и три подводни пештери. Подводните се во Албанија но во склоп на НП Галичица имаме добра соработка со албанските власти. Сувите се сите на Галичица така да имаме откриено доста и имаме истражено доста, вели Александар Гулески од Ботон Тајм
Саматска дупка е единствената пештера на Галичица која е мапирана и дел од туристичките атракции засега, но во иднина веќе постои основа за развој на спелеолошки туризам.
-Немаме откриено некоја лесна пештера каде што можеме да носиме групи туристи но овие пештери се интересни за научната јавност тие ги работат геолозите научниците. Исто имаме контакти со Словенија и Унгарија, вели Никола Паскали од спелеолошкиот клуб ,,Ботон тајм”.
Досега се откриени вкупно деветнаесет пештери на Галичица но има документи дека постојат уште и по нив трагаат спелеолозите.
Годинава ќе се истражуваат пештерата Ветри Гумења, Свинска Стрна и Војла и Горно Студино.