Се исуши еколошкото дрво во Тетово вредно 25.000 евра што требаше да го прочистува воздухот

Општина Тетово го отстрани еколошкото дрво донирано од Германија преку еколошкото здружение „Еко Свест“ и со донации од македонски фирми, бидејќи наместо да го одржуваат, градските власти дозволиле тоа да се исуши. Дрвото чинеше 25 илјади евра но со години стоеше исушено и немаше никаков  ефект врз подобрувањето на аерозагадувањето, што беше примарната негова цел. Службата за односи со јавност на Општина Тетово соопшти дека дрвото било отстрането зашто „претходната власт го исушила со негрижа“.

Ваков еко билборд или еко дрво, поставено беше и во Скопје, ама и тоа се исуши.