До крајот на оваа недела Биљал Касами ќе се обиде да одржи средба со лидерите на сите албански партии во земјава, потврдуваат за Канал 5 од Движењето Беса.
Покана ќе испратат до Али Ахмети, Арбен Таравари, Африм Гаши и Мендух Тачи, со цел да изградат заеднички став за промена на формулацијата во уставот каде што албанскиот јазик стои како јазик што го зборуваат 20% од населението. Изјавата на лидерот на ДУИ Ахмети дека ”20те отсто” не ја загрозуваат положбата на Албанците, ја сметаат за скандалозна, а официјално само потврдуваат дека ќе се борат за ваква уставна промена.
Ахмети викендов кажа дека албанскиот јазик ќе биде прецизиран во македонскиот Устав во вистинско време и со тоа нема да се загозат Македонците, без да прецизира дали тој ќе се обиде да ги разубеди другите албански партии да не ги условуваат уставните измени со ова прашање. Од неговата партија засега нема одговор, дали Ахмети ќе прифати средба иницирана од Касами.