24.8 C
Skopje
петок, мај 24, 2024

Се намалува бројот на вработени во индустријата

Бројот на работниците во индустријата се намалувал речиси цела 2019 година. Од март лани до декември статистика цело време бележи пад на бројот на вработените лица во индустрискиот сектор. Државниот завод за статистика вчера објави дека бројот на овие работници лани е за 1,6% помал споредено со претходната 2018 година. За Владата овој податок може да значи дека се модернизира производствто во фабриките, објавува Сител.

За опозицијата пак, падот на бројот на работниците во важниот индустриски сектор само е потврда на извештајот на  Европската комисија во кој се наведува дека во последните три месеци од минатата година целата индустрија во земјава забавила. Падот во производтсвто е осбено изразен во декември лани и изнесува близу 6%. Сето ова, според доплнителната заменичка министерка за финансии значи дека проекциите на Владата за раст на економијата од 3,8% годинава се нереални.

За разлика од Владата, ММФ, Светска банка и Европската комисија за оваа година проектираат пониски стапки на раст на македонската економија  и тоа од 3,2 до максимум 3,4%.