Полицијата денеска пронашла тело на жена во селото Кукљин кај Крушевац, а на маж во автомобил во селото Страгари кај Трстеник, изјавија за Танјуг од крушевската полиција.
Според информациите, во Крушевац во раните утрински часови била пронајдена и жена со повреди на главата, која моментално е во болница.
Според полицијата во Крушевац, во моментов се истражува дали мажот се самоубил и дали овие три случаи на некој начин се поврзани.
Според пишувањата на некои медиуми, маж прво се обидел да ја убие својата љубовница во Крушевац, а потоа ја убил сопругата кај Кукљин, во околината на Крушевац и на крајот се самоубил.