Сторителот вчера околу 10:00 часот влегол во продавницата и побарал да купи јакна, а кога го услужила, лицето и се доближило и почнало да ја допира по градите. Пријавителката успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија, земала нож со намера да се одбрани, но лицето не отстапувало од намерата. Во моментот кога се појавила другата вработена, сторителот почнал да се извинува, излегол од продавницата и заминал во непознат правец.
Како што соопшти МВР, полициска станица Кичево презема мерки за целосно расчистување на случајот. Во НК КР Кичево било задржано едно лице од Албанија, а се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, исто така, од Албанија, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил кривичното дело.