Регулаторната Комисија денеска треба да излезе со новата цена на струјата. Најверојатно, како што претходно се очекуваше можно е намалување на струјата, но сеуште не се знае точно за колку проценти ќе биде поевтинувањето.
Дел од медиумите веќе пишуваат дека цената на струјата од први јули ќе биде поевтина за 0,25%, но за ова сеуште нема потврда од Регулаторите.
Регулаторите досега анализраа трошоците на енергетските компании ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО.
Од цената што ја плаќаат домаќинствата, најголем дел или половина, се за државните електрани, ЕВН фактурира 44 %, додека преносниот оператор МЕПСО 6 % – ова е методологија според која се распределуват парите од цената на струјата по енергетските компании за киловат час.