Русија ги затвора границите, а летовите кон странските земји се распродадени за Русите кои бегаат од мобилизацијата и војната. Само во соседна Србија се очекува денеска да пристигнат 4.000 Руси, кои без виза можат да влезат во оваа земја. Летовите за Белград од Москва на некои компании се распродадени сѐ до 9 октомври.
Оние карти за Белград што останале чинат 1.000 евра за со трансфери и патување од над 30 часа, па сѐ до 9.042 евра со директен лет. Се смета дека во Белград од почетокот на војната пристигнале меѓу 30.000 и 50.000 Руси според тоа колку нови сметки се отворени во белградските банки.
Утринава рускиот претседател Путин објави дека ќе мобилизира 300.000 војници.