![граница](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/granica-1.jpg?resize=548%2C319&ssl=1)
Од завчера Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ја повлекоа од своја страна одлуката што беше регионална иницијатива по принцип на реципроцитет. Поради високиот број заразени во регионот, овие три земји завчера на полноќ ја суспендираа одлуката што и не почна да важи, така што останува обврската за приложување негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа кога се патува во тие држави. За македонските државјани влез без медицинска потврда засега е дозволен само во Косово, Албанија и Турција.
Додека нашата Влада не ја ревидира реципрочно одлуката, влезот кај нас за државјаните на земјите од поранешна Југославија кои се надвор од ЕУ ќе биде без тестот. Вчера, на првиот ден од слободниот влез во земјава, сообраќајот беше зголемен на границата со Косово – колони возила имаше на преминот Блаце и поголема раздвиженост од вообичаено на ГП Јажинце, но не многу фреквентно на преминот Табановце на границата со Србија.