Се очекува „најспектакуларната“ годинешна крвава Супермесечина

Првото целосно затемнување на Месечината во последните две години ќе се случи во средата, и тоа ќе биде крвава Супермесечина којашто во средата ќе биде видлива од делови на Азија, Австралиија, САД и Јужна Америка, објавија научнциите.

Крвавата Супермесечина вообичаено се појавува во текот на целосното помрачување на Месечината, во моментот кога Земјата ќе се најде директно меѓу Месечината и Сонцето, сокривајќи ја Месечината од сончевата светлина, а називот „крвава“ доаѓа поради црвениот сјај.

Во среда, значи, ќе може да се набљудува најголемата појава на месечината во оваа 2021 година, проследено со целосно затемнување на Суперемесечината. Во моментот на појава на феноменот Месечината ќе ѝ пријде на Земјата на растојание поблизу од 362 илјади километри.

Кога тоа се случува, единствената светлина која во тој момент допира до површината на Месечината минува низ рабовите на атмосферата на Земјата. Молекулате на воздухот од земјината атмосфера распрснуваат претежно сина светлина, а преостаната светлина се рефлектира со црвен отсјај од површината на Месечината, поради што и Месечината на ноќното небо изгледа црвена.

Последица од ваквите настани е „светлосниот прстен“ околу Месечината, но астрономите сѐ уште не можат да предвидат во колкава мера ќе биде црвена, бидејќи на тоа може да влијае прашината во атмосферата.

Мајската Супермесечина е една од трите оваа година и ќе биде најголемата. Феноменот Супермесечина се случува кога Месечината се чини поголема отколку што е вообичаено на небото, бидејќи се наоѓа најблиску до Земјата. Годинешната мајска Супермесечина се нарекува и „цветна“, а називот го добила по тоа што во мај на Земјата обично цутат цвеќињата.

Самото затемнување ќе трае околу 14 минути, а целата појава околу пет часа, од 8,46 до 13,49 според универзалното координирано време, што значи дека во Русија можеше да се во раните попладневни часови, во Азија квечерината, а на Северниот брег на Америка во раните утрински часови.

За оние коишто затемнувањето нема да можат да го видат со голо око, организирани се виртуелни телескопски проекции.

A telescopic visualization of the 2021 total lunar eclipse.
Credits: NASA’s Scientifc Visualization Studio