Се очекува САД да ја снабдат Украина со касетна муниција

Соединетите држави, како што се очекува, ќе објават дека ќе ја снабдат Украина со касетна муниција во борба против руските сили, извести во четвртокот весникот The New York Times, повикувајќи се на извор во Белата куќа.

Весникот, без да наведе поединости, се повикува на неименуван висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Се додава дека одлуката може да биде објавена подоцна во четвртокот.

Командантите на американската армија веруваат дека касетната муниција би била корисна за Украина за нападите врз руските сили, изјави во јуни висок претставник на Пентагон, но таа сѐ уште не ѝ е одобрена на Киев поради ограничувањето на Конгресот и загриженоста на американските сојузници дека оваа забранета муниција може да ја предизвика Русија на ескалација војната.

„Во средата вечерта тоа го потврди претставник на администрацијата кој сакаше да остане анонимен“, објави весникот според чии наводи украинската страна инсистира на испораката на касетната муниција и покрај негодувањето на европските сојузници на САД.

Како што пишува NYT, американската администрација неодамна ја сигнализирала промената на ставот во однос на испораките на касетната минуција „по неколку месеци сомневања“. За веројатноста дека САД уште оваа седмица ќе ѝ испорачаат касетна муниција на Украина, објави и телевизиската мрежа CBS News повикувајќи се на неименуван извор во Вашингтон.

Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји во светот, испушта многу помали бомби, честопати маскирани во невообичаени форми, кои можат неселективно да убиваат на големо подрачје, и главно претставуваат закана за цивилите. Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција којашто е ратификувана од 123 земји, невклучувајќи ги САД и Украина.

Според извештајот на Human Rights Watch претходно од четвртокот и украинските и руските сили користеле касетна муниција од која гинеле цивилите, повикувајќи ги и Москва и Киев да престанат со користењето на ова убиствено за цивилното население средство и апелирајќи на САД да не ја испорачуваат.

Украина, исто така, инсистира за испорака на напредни западни борбени авиони, меѓу кои и американските „F-16“, во услови кога долгонајавуваната протиофанзива по еден месец не дава значајни резултати во полза на украинската војска.

„Авионите F-16 или која и да е друга воена опрема којашто ние потребна ќе ни даде можноста да се движиме побрзо, да спасиме повеќе животи, да ги задржиме позициите подолго време“, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS News емитувано во четвртокот.

Членките на НАТО, Данска и Холандија, ги предводат инсистирањата на ткн „авионска коалиција“ да ги обучуваат украинските пилоти и помошниот персонал за оддржување на технолошки напредните авиони „F-16“ кои според нив треба да ѝ бидат испорачани на Украина, но за тоа според западните стручњаци потребен е подогл период.