Се одбележува 21 година од загинувањето на десетте припадници на АРМ

Денеска се одбележуваат 21 година од загинувњето на воените резервисти на АРМ кај месноста Карпалак во текот на конфликот од 2001 година

На 8-ми август во 2001 година, на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак  од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што беа убиени десет припадници на Армијата.

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и прилепско.

Министерството за одбрана и Армијата денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак.