![Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/12/sobranie500.jpg?resize=500%2C216&ssl=1)
Во тек е 28-мата седница во Собранието на Република Македонија во рамки на која пратениците го разгледуваат предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатите на 31 пратеник од опозицијата.
Одземањето на мандатите се врши со гласање во Собранието, за што е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници во Собранието, или вкупно 82 пратеници.
Во моментов во Собранието присутни се 68 пратеници и со оглед на тоа што нема доволен број на присутност гласањето за одземањето на мандатите на пратениците се одложува.
Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања, на седницата одржана на втори декември, реши да му предложи на Собранието одземање на мандатите на 31 пратеник од опозициската СДСМ и нејзините коалициски партнери, врз основа на извештајот за отсуства во период од шест месеци.