Mакедонската поп-пејачка Елена Ристеска се огласи на социјалните мрежи и потврди дека била нападната пред познат скопски ноќен клуб.
-Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.
После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.
И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови, пишува Елена на социјалните мрежи.