-Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада, Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави МИА од Атина.
Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската ошпштина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.
– Не постои никаква толеранција за т.н. паравоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконие, никаква толеранција за заплашување на грѓаните, кусо одговори Скерцос.