Се огласи Вјоса Османи за нападот на српските деца на Косово

Koсовската претседателка Вјоса Османи, го осуди нападот врз српските момчиња кај Штрпце и им посака брзо закрепнување.

Репортери пренесе дека таа изјавила дека нивната повреда е неприфатлива и дека сторителот на нападот треба да биде изведен пред лицето на правдата.

Османи кажала дека безбедносните агенции треба итно да се позанимаваат со случајот.

Но, кoсовскиот премиер Албин Курти не дозволува директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, да ги посетува ранетите српски деца.

Косовски Албанец вчера на Бадник пукал во двајцата браќа.