Се омажи најљубоморната жена на светот

Деби Вуд, која го има синдромот „Отело“ поради што е многу љубоморна, конечно се омажи за својот верник.

Триестгодишната Деби, која ја нарекоа „најљубоморна жена во Велика Британија“, го терала својот партнер Стив да подлегне на детектор на лаги секогаш кога би се вратил дома. Тоа го правела „за секој случај“ за да не извршил неверство.

Стив вели дека неговата сопруга е многу вредна и покрај тоа што не е сигурна во него.

Деби е параноична и страда од синдромот „Отело“, кој е наречен ликот од по истоимената трагедија на Шекспир, каде љубомората му го „испила“ и последниот грам на здравиот разум.

Поради ваквата состојба Деби секогаш го проверува телефонот на Стив и неговите мејлови.

 – Толку сум загрижена, што веднаш сакам да ја дознаам вистината. Прашање е само дали можам да му верувам дека нема да „фрли поглед“ на други жени кога е сам. Несакам ни да помислам дека некоја од нив е попривлечна од мене!, изјави Деби.

Деби е толку екстремна, што дури на својот вереник му забранила да гледа серии и филмови во кои се појавуваат убави и згодни жени.

– Им благодарам на сите кои не подржуваа на ова наше животно заедничко патување, но за само неколку часа оваа неверојатна девојка ќе биде моја сопруга. „Те сакам“, напиша Стив на денот на нивната венчавка.