Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање, во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во најбрзо време да биде пренесено на лекување во странство.
Во соопштението наведуваат: Нашите лекари максимално се грижат за момчето да ја добие неопходната здравствена заштита.
Дополнителни информации најавуваат за подоцна.