Се остварува она на што предупреди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во петокот за време на посетата во Битола, дека поради неспособноста на Владата ќе има ново поскапување на цената на електричната енергија.
Ваквите најави на Мицкоски вчера во неговото гостување во емисијата „Утрински Брифинг“ ги потврди и самиот премиер Зоран Заев.
Но, Заев наместо милионските загуби на енергетските компании во државата кои ги наброја Мицкоски, како причина за поскапувањето на електричната енергија ги наведе проектите преку кои ќе треба да се намали производството на електрична енергија од фосилни горива ќе значи и поскапување на струјата.
„ Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за
обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј“, изјави Заев во емисијата.
Дополнителното поскапување би било премногу за граѓаните премногу за граѓаните кои пред нецела година организираа бројни протести против поскапувањето на струјата од цели 7,4 проценти.
Мицкоски кој пред една недела го најави поскапувањето на електричната енергија за домаќинствата поради слабото работење на енергетските компании во државата, ја советуваше Владата да го намали ценовниот шок кој што следи преку намалување на основицата, односно данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5%, а за ова најави дека ВМРО-ДПМНЕ размислува да предложи таков закон во Парламентот.
„Мислам дека неминовно е да имаме зголемување на цената на електричната енергија и во насока на тоа во годината која што е кризна јас би сакал да ги советувам властите, еве дали тоа тие ќе го прифатат или нема да го прифатат останува на нив, е да ја намалат основицата односно да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5% со тоа да го ублажат ценовниот шок кој што ќе следи со евентуалното зголемување на електричната енергија. Ние како пратеничка група како ВМРО-ДПМПНЕ размислуваме да предложиме еден таков закон за Парламентот за тоа што цениме дека на тој начин ќе бидат растеретени сметките за електрична енергија на граѓаните но истовремено ќе бидат и растеретени и од бизнис заедницата“, појасни Мицкоски.