
Владата на две недели по нејзиното формирање започна со новиот серијал на партиски вработувања, пишува Курир.
Имено, пред само два дена објавен е оглас за вработување на тројца посебни советници во кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Но, ова не е единствениот оглас, и во кабинетот на министерката за образование и наука се бараат тројца советници.
Според огласот се бараат различни профили, а според позицијата платата се движи од 30.000 до 60.000 денари.
За потсетување, владејачката СДСМ додека беше во опозиција речиси не поминуваше ден, а да не одржи некоја партиска прес конференција за да обвини дека администрацијата е партизирана и дека се злоупотребува за партиски цели како и дека администрацијата е превработена.
Но, сега во време на власт гледаме дека најслатко е вработувањето на државни јасли каде што наместо професионални кадри со соодветно образование, се вработуваат партиските војници на СДСМ.