Денеска е планирана операција на извлекување на цивили од фабриката Азовстаљ, соопшти канцеларијата на претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.
Агенцијата додава дека Украина денеска ќе евакуира цивили кои се наоѓаат таму заедно со украински борци во огромната челичарница Азовстаљ во градот Мариупол на југот на земјата.