Овде сме на регионалниот пат Струмица – Радовиш, уште еднаш да кажеме громогласно НЕ за дипломатскиот нокаут којшто го доживеавме како држава, изјави денескапратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
-Се наоѓаме пред асимилација и бугаризација на Македонија. Тргнуваме во еден лавиринт од кој што ќе нема излез и се подготвува влез којшто ќе биде бесконечно преговарање кој ќе има една цел – асимилација.
Овде сме заедно со струмичани, заедно со луѓето Василево, Босилово, Ново Село, Конче Радовиш, Гевгелија, Валандово. Практично целиот југоисток е овде за да кажеме громогласно НЕ.
Конечно неизбраниот премиер Ковачевски, да го слушне својот народ да ги слушне повиците на илјадници луѓе коишто маршира во главниот град еден до еден и кои што кажаа не, не прифаќаме вакво понижување, рече Лефков.
Лефков додаде дека ВМРО-ДПМНЕ власта преговара за мртов предлог затоа што го немаат потребното мнозинство.
-Време е да се слушне македонскиот народ и да престанат со игрите и она што го слушаме дека предлогот ќе дошол во Собрание. Еве од овде сите заедно со други колеги пратеници ве уверуваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го даде потребното мнозинство. Практично преговараат за еден мртов предлог затоа што го немаат потребното мнозинство за отворање на Уставот. На овој начин се прави само поделба, дополнителна поделба и дополнително формализирано понижување на македонскиот народ.
Ние ова не го заслужуваме. Веднаш бараме да престане ваквиот понижувачки однос кон македонскиот народ. Македонци сме од памти век и тоа ќе останеме засекогаш.
Нема предавање, нема враќање назад. Таче слушни го твојот народ и престани со понижувањето, повика Лефков.