Се подготвуваат протоколите – свадби од 1 или 15 јуни

На вчерашната владина седница се разговарало за протоколите за организирање свадбени прослави.

Како што дознава Алсат, според информациите од Владата, ако се одржи нискиот тренд на новозаболени од Ковид-19, како во последните недели, рестораните за венчавки ќе се отворат на 1 јуни или најдоцна до 15 јуни.

Се разбира, тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба. Протоколите за организирање свадбени прослави се подготвуваат и наскоро ќе бидат презентирани пред сопствениците на објектите за да можат да се подготват за организирање на прославите.