Воопшто не е тајна дека славниот пејач Принц имал мошне бурен сексуален и љубовен живот, а две недели по неговата ненадејна смрт се појави човек кој тврди дека е син на ѕвездата и бара дел од имотот што тежи 300 милиони долари.
Веќе се почнати легалните процедури со кои што човекот сака да потврди прво дека славниот пејач му е син, а потоа и да добие дел од мултимилионската империја на Принц.
Како што пишуваат светските таблоиди, станува збор за човек во 30-тите години кој тврди дека неговата мајка спиела со славниот пејач во 80-тите години на минатиот век.
Инаку, славниот пејач не оставил ниту тестамент, ниту пак наследник поради што неговото богатство ќе биде поделено помеѓу неговите најблиски роднини. Иако сеуште не е утврдена точната вредност на имотот, некои шпекулираат дека се работи за солидна сума од 300 милиони долари.
Вработените во компанијата за меѓународна потрага по наследници „Heir Hunters International“ велат дека се изненадени од тоа колку повици и имеил пораки добиле од лица што тврдат дека се поврзани со славниот музичар, но овој човек кој тврди дека е вонбрачен син посебно се истакнал.