Се помала е надежта за заробените рудари во Турција

Се помала е надежта дека осумнаесетмината турски рудари од поплавениот рудник во Јужна Турција ќе бидат извлечени, изјавил денеска турскиот министер за енергетика, Танер Јилдиз.

– Времето истекува. Морам да ви кажам дека надежите бледнеат што се однесува на 18-мината наши браќа работници, рече Јилдиз, кој се наоѓа на местото на несреќата во провинцијата Караман, во југоисточна Турција.

– Тоа не е само поради водата. Тоа е поради тоните кал и отпад, кои паднаа во јамата, додаде Јилдиз.

Рударската несреќа, која во вторникот се случи во југоисточна Турција е последна во серијата слични несреќи во оваа држава. Во мај во експлозија во рудник за јаглен во Сома загнаа 301 рудар.