Се поплави интензивниот оддел на неврологија во болницата „8 Септември“

Вчера се поплавил интензивниот оддел за неврологија во болницата „8 Септември“. Информацијата на фејсбук ја сподели Д-р Петар Атанасовски.

Според она што го кажува докторот, сите пациенти биле извлечени од поплавениот оддел.

„Мислев да одморам малку ама не се може. И тоа се случи, се поплави интензивнот оддел на неврологија при ГОБ „8 Септември“ и за среќа поради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавија на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар, повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти беа извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот. Уште еднаш апелирам до групата што се сликаше за празникот пред нашата болница да преземат мерки и конечно да се затвори одделот да се реновира, исчисти и дезинфицира (врие од интрахоспитални инфекции).
ГОЛЕМО БРАВО УШТЕ ЕДНАШ ЗА МОИТЕ НОВИ ХЕРОИ ДЕЖУРНАТА ЕКИПА ОД ВЧЕРА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПРИ ГОБ 8 МИ СЕПТЕМВРИ“, напиша Атанасовски.