Се повеќе бегалци пристигнуваат на грчкиот остров Лезбос

Голем број мигранти и бегалци денеска пристигнале на островот Лезбос, што е резултат на добрите временски услови, пренесува МИА.

Патролните бродови на грчката крајбрежна стража и Фронтекс денеска спасиле и пренеле во пристаништето Митилена околу 900 лица. Повеќето од нив биле испратени на пунктот Мориа за да бидат идентификувани.

Во меѓувреме, 150 недокументирани мигранти од Пакистан кои биле притворени во Мориа, во придружба на полициски службеници биле префрлени до пристаништето Митилена каде се качиле на ферибот за Кавала.

Мигрантите ќе бидат депортирани во Турција.