Шестнаесетгодишниот Армин Делиќ, австриски државјанин кој потекнува од БиХ е уапсен при обидот за побегне на џихад во Сирија. Тој пред неколку дена побегнал од станот во кој живеел со родителите и тоа во време кога во полн ек е потрагата по Сабина Селимовиќ и Самра Кешиновиќ, за кои исто така се верува дека заминале во Сирија.
Тинејџерот е вратен во Виена од страна на полицијата.
Иако нема официјални информации за овој случај, се верува дека тинејџерот бил член на вехабиска заедница во Виена.
Неговите родители биле загриќени бидејќи постои можност нивниот син да трган во Сирија з да војува и дека може да биде осомничен, со оглед на тоа дека бунтовничките групи во Сирија најчесто се поврзани со Ал Каеда.