Иако Валтери Ботас беше сметан за речиси сигурна замена за Кими Раиконен во тимот на Ферари идната сезона, работите полека се компликуваат, а тој добива конкуренција.
Според голем број специјализирани автомобилистички портали, во игра влезе и 26-годишниот Даниел Рикиардо кој минатата сезона беше одличен и како голем аутсајдер оствари дури три победи во Светскиот шампионат. Интересно е тоа што лани, тој возеше со четирикратниот светски првак Себастијан Фетел кој би можел да му биде партнер и во Ферари.
Токму Фетел, како што велат неофицијалните информации, е главен противник на ангажирањето на Рикиардо бидејќи тој и во Ред Бул покажа дека нема намера да му ја препушти доминантната улога во тимот.