Според најновите информации на ОН, од средината на април во Украина се убиени повеќе од 2.500 цивили, а ранети се околу 6.000. Воената операција на Киев на истокот од Украина трае веќе речиси пет месеци, а во претходните неколку недели состојбата на украинската војска станува се потешка.
Народната армија на фронтот бележи се повеќе победи, благодарение и на помошта на се поголем број странски доброволци. Како што јавува „Раша тудеј“, меѓу доброволците во областа на Доњецк има Срби, Шпанци, Германци, Пољаци, Израелци, Британци и Французи.
„Ова е наша војна и не засега сите нас. Ова е војна на сите Европејци“, изјавил француски доброволец, за „Раша тудеј“.
Војната полека се приближува кон центарот на градот Доњецк, еден од главните засолништа на силите на самоодбрана. Многу Европејци предупредуваат дека веќе не можат да го толерираат украинското уривање на градот и дека ќе почнат да делуваат.
Никола (25) пет години бил професионален војник на елитните француски единици. Денеска своите вештини ги користи заедно со другите доброволци и ги обучува силите на самоодбраната.
„Ова е народна војска, не се платеници па затоа им е потребна обука. Имаат силна мотивација, за разлика од киевската војска која е марионета на НАТО. Ги видовме. Сосема се немотивирани и дури не знаат за кого и против кого војуваат. Тоа ни дава голема предност“, вели Никола.
Доброволците веруваат дека украинската војска нема сили да ја преживее зимата или есента, бидејќи секој ден губат пари, мотивација, човечност, воена техника.
„Тие слабеат, а ние стануваме посилни“, велат европските доброволци, истакнувајќи дека нивната цел е да покажат дека луѓето од западните земји се разликуваат од своите власти и дека се подготвени да се борат и да ги ризикуваат своите животи за да го заштитат „другиот свет“.
Тие нагласуваат дека не се платеници, ниту терористи – како што ги нарекува Киев, туку батаљон составен од доброволци од западите земји, наречен Обединет континент.