Најдолговечниот светски диџеј, 96 годишниот Реиналдо Марио Кордиеро, познат како Вујко Реј, ја одработи својата последна радио емисија откако повеќе од седум децении беше радио-водител, објави во саботата BBC.
Реј Кордиерои и се заблагодари на слушателите и ја заврши својата емисија „All The Way With Ray on Saturday Night“.
„Па тоа е тоа. Многу ви благодарам што се вклучивте во програмата, довидување, благодарама што дојдовте“, изјави диџејот на англиск и на кантонски јазик.
Неговата програма се емитува на хонконшкиот јавен сервис RTHK од 1970 година.
Препознатлив е по својот баритон, капата и лесно слушливата листа со песни, а во 2000 година влезе во Гинисовата книга на рекордите како најдголвоечниот светски диџеј.
Кордеиро, кој е роден во Хонгконг а по потекло е Португалец, истакна во интервјуто минатата седмица дека е „најсреќниот човек на светот“.
„Го работам она што сакам да го права, го сакам она што сакам да го сакамакам да го сакам и мислам дека нема за што да се каам“, изјави за RTHK.
Во својата богата 72-годишна кариера запознал некои од најголемите светски ѕвезди, како Клиф Ричардс, Тони Бенет и членовите на легендарните The Beatles.