Се празнува Св. маченица Васа Солунска

Денеска е Св. маченица Васа Солунска. Васа беше жена на некој идолски жрец, но истовремено и тајна христијанка.

Таа и своите синови ги воспита во Христовиот дух. Нејзиниот маж ја намрази поради тоа и ја предаде заедно со синовите на локалниот судија.

Тука беа погубени нејзините синови, а самата Васа се овенча со маченички венец на некој остров во Мраморното море. Света Васа и нејзините синови пострадаа за време на римскиот император Максимијан.