Јапонскиот товарен брод кој предизвика еколошка катастрофа во јуло се насука на гребен на Маурициус се преполовил соопштија локалните власти во саботата.
Состојбата на бродот „MV Wakashio“ се влошило во саботата утрото, а до пладнето по локално време се преполови, изјави кризната комисија на Маурициус.
„Околу 16.30 часот се одвои предниот дел од бродот. Стручњаците советуваат да започне планот за извлекување“, се наведува во соопштението.
Бродот се насука на коралниот гребен на 25-ти јули, и од него се излеаја 1.000 тони нафта загрозувајќи ги коралите, рибите и другите форми на животот во морето. Научниците оценија дека станува збор за најголемата еколошка катастрофа којашто го погодила Маурициус.
Поголемиот дел од нафтата до бродот беше испумпана, но останале уште 166 тони нафта, и властите сега се нагажират таа да биде тргната. Во петокот малку од преостанатата нафта истекла во океанот, предупредија од маурициското здружение за зачувување на морињата.
Властите во саботата поставија пловечки бариери за да ја соберта нафтата разлеана околу бродот. Кризната комисија изјави дека особено внимание е посветено на местата како што се морскиот парк „The Blue Bay“, Ил-оз-Егрет и Поан Д’Есни, кои се засолништа за ретките животни. Се очекува влошување на временските прилики во текот на следните неколку дена, и дека морските бранови ќе достигнат до 4,5 метри.
Јапонскиот министер за животна средина Шинџиро Коизуми изјави во саботата дека планира да испрати група функционери од министерството и други стручњаци за да ја проценат штетата.
Експертите сметаат дека влијанието од излевањето сѐ уште се проценуива, нод ека штетата би можела ушет со децении да нанесува штета на Маурициус и на неговата економија, кошато зависи од туризмот. Маурициус, кој е познат по недопрените плажќи, е популарен меѓу туристиет од кои земјата минатата година заработила 1,6 милиајрди долари.
Отстранувањето на бродот веројатно ќе трае со месеци. Франција, поранешниот колонијален владетел на оваа област, соопшти дека ќе помогне во чистењето на морето.
Танкерот долг 299,5 а широк 50 метри плови под знамето на Панама, а валснике компанијата „Okiyo Marine“, филијала на „Nagashiki Shipping“.