На обиколницата во близина на клучката Стајковци, денеска околу 11.20 часот, од правецот Тетово кон Велес, пријавено е превртено патничко возило марка BMW X5 со скопски регистарски таблички, управувано од Д.С. (28) и сопатник Б.П. (32). Двајцата се од Куманово, информираат од МВР за КУРИР.
Како што дознава КУРИР, двете лица со повреди се пренесени во градската болница „Наум Охридски“, а детали за нивната здравствена состојба очекуваме наскоро.