На автопатот меѓу Алексинац и Ниш, во правец кон Белград, се преврте шлепер со македонски таблички. Сообраќајот на оваа делница е запрен додека камионот не се тргне.
Сообраќајката се случила утринава околу 8.30 на автопатотот кај селотот Катун, но засега не е позната причината зошто шлеперот се превртел.
Го возел 38 годишник, македонски државјанин, а во полицијата велат дека Брзата помош е на терен, но дека се уште немаат информација дали и колку возачот е повреден.
Сообрајаќот кон Белград е целосно сопрен додека камион не се острани, бидејќи тој ги препречил сите три ленти. На автопатот има долга колона возила.