Се преврте шлепер во близина на „Бунарџик“

На автопатот Скопје – Куманово, во близина на слободната економска зона „Бунарџик“ , рано утрово околу 2.30 часот, се превртел шлепер „сканија“ со српски регистарски таблички

При несреќата возачот и совозачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болница, но не се во животна опасност.

Камионот превезувал домати за извоз. Полицијата врши убид на  местото на несреќата.