На 14.10.2017 година околу 19:30 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на надпатникот за Долно Палчиште, излетало патничко возило „Форд фузион“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ш.А.С.(53) од Боговиње.
Возилото се превртело, а возачот и сопатникот И.А.(57) се задобиле со телесни повреди.
Со медицинско возило пренесени се во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.