Се продава подиумот од „Треската на саботната вечер“

Подиумот за танцување од филмот „Треската на саботната вечер“ , кој холивудскиот актер Џон Траволта ја прикажа својата танчарска умешност ќе биде понуден на наддавање кон крајот на јуни, објави аукциската куќа Profiles in History.

Подиумот, со димензии седум на пет метри во кои се вградени над 250 одвоени светлосни компоненти е сместен во мал клуб во Бруклин каде што се снимала танцувачка сцена проследена со диско ритамот на групата Bee Gees.

Наддавањето ќе се одржи кон крајот на јуни, а се очекува дека подиумот може да достигне цена од милион и пола американски долари.

 

Handout photo of the original disco dance floor from the 1977 movie "Saturday Night Fever"

На продажба го нуди Вито Бруно сегашниот сопственик на клубот „2001 Odyssey“, кој пред десетина година го купил од сопственикот на клубот кога е сниман „Треската на саботната вечер“. Клубот подоцна го промени името, а во 2005 година е затворен. Откако го чувал изминативе години подиумот, по наговор на пријател, се решил да го понуди на продажба.

Со овој филм од 1977 година Џон Траволта беше лансиран меѓу ѕвездите, а своите танцови движења ги вежбал со месеци за да ги усоврши.