Рокот на важење на одобренијата за градење кој е истечен за времетраење на вонредната состојба се продолжува 60 дена од денот на престанокот на вонредната состојба.
Ова, како што соопшти владината прес -служба, го предвидува Уредбата за примена на Законот за градење за време на вонредна состојба со која се продолжува рокот на важење на одобренијата за градење кој е истечен за времетраењето на вонредната состојба, како мерка за справување со последиците од коронавирусот за 60 дена од денот на престанокот на вонредната состојба, а што ја донесе Владата денеска на седница.