Се пролеа крв и во Одеса

Се пролеа крв и во Одеса. Навивачите на фудбалскиот клуб „Черноморец“ се судриле со проруски демонстранти.

Околу 1.500 млади луѓе кои носеле маски и обележја на „Десен сектор“ и биле вооружени со палки, ланци и штитови се обиделе да поминат по централните улици на Одеса извикувајќи: „Слава на Украина“, „Смрт на непријателите“.

Вооружените лица се пресретнале со активисти на движењето „Куликово поле“, кои пак сметаат дека власта е узурпирана од Киев и кои се залагаат за федерализација на земјата и за давање на рускиот јазик статус на официјален.

Во Одеса се слушнаа и првите истрели од огнено оружје. Демонстрантите освен камења едни на други фрлале молотови коктели и гасни бомби, при што повеќе лица се повредени.