Се пролонгира одлуката хронично болните да се вратат на работа

Пролонгирана одлуката хронично болните да се вратат на работа, објави Канал 5.

Откако Комисијата за заразни болести предложи, а владата одлучи оваа категорија на граѓани да се вратат на работа, сега хронично болните имаат рок од десет работни дена да си земат потврда со печат од лекар специјалист која ќе служи како доказ дека здравјето може да им се влоши доколку се вратат на работа.

Од здруженијата се задоволни што ќе се употребува индивидуален пристап, оти не секоја хронична болест е со висок ризик.

Од здруженијата со апел до надлежните, пред да носат одлуки да разговараат со засегнатите, бидејќи само така може да се дојде до прифатливи решенија со кои ќе им се помогне на оние на кои тоа им е неоходно, ќе се зачува здравјето на граѓаните, а ќе се спречат и злоупотреби.