Се прошируваат квотите во СУГС „Орце Николов“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“

Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека се проширува квотата за запишување на ученици во прва година за една паралелка во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Град Скопје и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во првиот уписен рок – прво пријавување.

Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека се проширува и квотата за запишување на ученици во прва година во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ во Град Скопје и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,65 поени, а аплицирале во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ во првиот уписен рок – прво пријавување.

Учениците за дополнителни информации да се јават во училиштата СУГС Гимназија „Орце Николов“ и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ на 4 јули 2017 година.