На пристаништето во Охрид, во вторник во 11 часот, свечено ќе биде одбележано воспоставувањето на првата бродска линија помеѓу Охрид и Поградец.
Станува збор за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид до Поградец во Република Албанија и обратно.