Се расчистуваат дивите депонии во Битола

Локалните јавни претријатија од Битола ги чистат дивите депонии во градот и околината, соопштија од секторот за односи со јавност на тамошната локална самоуправа.

Акцијата се врши на три локации, односно кај обиколницата над Битола до тунелот на регионалниот пат Битола-Прилеп, патот кон село Бистрица и простор кај основното училиште „Коле Канински“, а текот на акцијата го набљудуваа градоначалникот, надлежните служби од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија.

Акцијата за подобро животна средина продолжува и во следниот период, соопштија од Општина Битола.