Се распаднала последната недопрена ледена плоча на канадски Арктик, губејќи повеќе од 40 отсто од површината за само две седмици на крајот од јуни, соопштија во петокот научниците.
Плочата Милне се наоѓа на работ од островот Елсмир, во ретко населениот регион Нунавут на северот на Канада.
„Натпросечната температура, силните ветрови и отвореното море се рецепт за пукањето на мразот“, објави на Twitter Канадската агенција за ледници.
„Тоа е површина на цели градови. Станува збор за големи парчиња мраз“, изјави Лук Копленд, глациолог на Универзитетот Отава.
Површината на плочата се намалила за 80 квадратни километри. За споредба, површината на њујоршки Менхетен изнесува 60 квадратни километри.
„Ова беше последната сосема недопрена ледена плоча. Сега буквално се распадна“, предупредува Копленд.
Арктикот последните 30 години се загрева двојно побрзо и повеќе во однос на глобалниот просек, поради процесот познат како Арктичка амплификација.
Меѓутоа, оваа години температурите во оваа поларана област се уште поинтензивни. Површината на ледениот покривач е најмала во текот на последните 40 години. Рекордно високите температури и разорните шумски пожари, исто така, ја опустошија и сибирска Русија. Летово на канадски Арктик е за пет степени потопло од 30-годишниот просек, забележува Копленд.
Порад распукувањето на плочата на Елсмир би исчезнало последното таканареченот епиледено езеро на северната хемисфера. Станува збор за геолошка појава во која слатката вода оградена од мразот и плута по солената океанска вода.