Минималната плата е голем јаз меѓу синдикатите и работодавачите, а реалните потреби за живот на едно семејство се над 1.200 евра. Можен е колапс на фирми, но не поради минималната плата, туку заради немањето работна сила, бидејќи младите си ги пакуваат куферите за во еден правец
Додека Синдикатот, работовадавчите и Владата се натегаат за минимална плата од 18.000 денари, трошоците на животот се секојдневно се зголемуваат. Според последната пресметка за синдикална потрошувачка кошничка, за четиричлено семејство да преживее, покажува дека му се потребни близу 35.000 денари.
Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци за 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари.
Дарко Димовски од ССМ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека во моментот потрошувачката кошница изнесува 35.040 денари, а минималната плата во моментов изнесува 15.194 денари.
– Тоа значи дека едно семејство во кое двајца земаат минимална плата не може да го преживеат месецот. Минималната плата е загарантирана категорија за егзистенција на еден работник или коефициент 1. Според членот 8 од законот за минимална плата, треба скалесто да се доуредат и останатите плати, согласно зголемувањето на минималната плата. Работодавачите не сакаат да одвојат од капиталот за да ги платат работниците. – вели Димовски.
Професорот Бранимир Јовановиќ рече дека минималната пата отсекогаш важела како инструмент за грижа на најзагрозените работници и таа се појавила пред 120 годинии во Нов Зеланд и Австралија.
– Отсекогаш била контрадикторна мера која имала противници. Тоа е сретство наменето да ги заштити најзагрозените работници од експлоатација. Денеска противниците на таа мерка, велат дека ако ја покачите таа плата, ќе се намалат резултатите на фирмите. Ние во стѕудијата што ја објавивме минатата недела ги анализиравме резултатите од покачувањето на минималната плата во 2017 од 9.500 на 12.000 денари. Истражувањето на беше на сите фирми и сите работници и се покажа дека нема никакви негативни ефекти на работењето на фирмите и дека не води до отпуштање, ниту намалување на профитабилноста. Минималната плата ја зголемила продуктивноста на работниците и фирмите. – вели Јовановиќ.
Додека Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи во оваа емисија потенцираше дека миниалната плата од пред неколку години сега е повисока и не може да се вади заклучок дека не влијаело негативно.
– Кога се зборува заминималната плата, треба да се зборува за целата економија, имаме криза, поста на инфлација, пандемија. Банките не ги интересираат загрозените. Порастот на 18.000 денари нема да има негативни реперкурси. Владата нека финансира нова студија што ќе значи тоа покачување, за кои сектори и за кои работници. Продуктивноста во една компанија не зависи само од мотивираност на работниците, туку и од организацијата на работа и од технолошката опременост. Со добра опременост, ќе имате продуктивност и со понемотивирани работници. – вели Димитров.
Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија истакна дека продуктивноста не се мери само како ефект на минималната плата.
– Има повеќе параметри кои ја подигнуваат продуктивноста, не само минималната плата. Треба да дадеме фокус на колективното договарање, да си дадеме простор за да можеме да ја постигнеме таа минимална плата на начин на кој сите може ја поднесат. Отпорот не е зошто не се сака да се даде таа минимална плата, плус придонеси, туку станува збор за можностите. – вели Бошков.
Сепак, дали навистина 35.000 денари му се потребни на едно семејство за да го помине месецот?
Оваа пресметка е за најосновните работи за преживување. Ако се има предвид дека поскапе струјата, горивата во конктинуитет одат во нагорна линија, како и прехрамбените и земјоделските производи, но и се друго, тогаш оваа пресметка веќе е со засатрен датум.
Од друга страна, ако на ова се додадат трошоци за гардероба, посебно кај семејствата со деца, кои на овој или оној начин брзо ја трошат облеката, тогаш математиката ќе покаже друга вредност. Па ако има потреби од дообразување, поради разни прични, курсеви и слично, обнова на техника – ИТ опрема, која се менува и застарува со голема брзина, како и спортување, тогаш домашниот буџет треба да е многу поголем.
Една пресметка покажува дека за нормално живеење на едно семејство се потребни 1.200-1.500 евра, во која пресметка се вклучени обелкувањето, одоморот, школувањето на децата и вонредни сејмени издатоци за прослави.
Диспаритетот на примањата и живеењето, посебно во малите средини, води до депресија, незаинтересираност, но и побрзо пакување на куферите со карта во еден правец. Токму тоа е опасноста која не ја гледаат во натегањето за минималната плата, Македонија може да остане без работна сила, односно работоспособно население. Под вкави околности, работодавачите ќе се соочат со затворање на капацитетите, а увоз на работна сила може да биде непродуктивен, бидејќи ќе дојде неквалитет, кавлитетот го собраа другите.