Се разведоа Перо Антиќ и Ружица

Поранешниот македонскиот кошаркарски репрезентативец и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица, не се повеќе во брак, дознава „Женски Магазин“.

Ружица која е основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“, на „Инстаграм“ веќе го промени и презимето.

-Разводот е веќе официјализиран, а по 13 години заедница, остануваат во коректни односи поради трите сина, открија блиски пријатели на познатата двојка за Женски Магазин.